Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината

- Локални
55
Општина Охрид доби 8 нови прочистувачи на воздух од програмата на Владата на Република Македонија кои ќе бидат поставени во основните училишта во општината.
Оваа мерка е дел од програмата на Владата за подобрување на квалитетот на воздухот и покажува сериозен напор за намалување на критичните концентрации на штетни честички, како што се PM10 и PM2.5, кои претставуваат главна закана за здравјето.
Се работи за напредни системи за прочистување на воздухот од реномираниот германски производител MANN+HUMMEL кои ќе помогнат во елиминацијата на вируси, бактерии и микроорганизми, создавајќи потполно безбедна средина за учење и работа во училишните објекти.
Овој проект значително ќе придонесе за подобрување на условите за настава и намалување на ризиците од аерозагадувањето, особено за учениците.
StrugaOnline

Facebook Коментари