Jога – секцијата од Охрид организира часови по јога во природа

- Локални
1172

Во текот на јули и август ова лето 2017-то, Јога секцијата од Охрид организира часови по јога во природа. Планирано е утринското вежбање да се одржува во недела во 07:00 часот  на плажата Куба Либре, а вечерното вежбање ќе се одвива над плажата Лабино, во бадемовата шума (среда 19:00) . Сите оние кои ќе ги посетуваат часовите по јога треба да носат кометна облека и простирка.

Курсевите се под водство на јога професор Ванчо Тасески и јога асистент инструктор Александра Јанеска, според методологијата на јога учителот Павлос К. Хасанагас. Организаторите информираат дека сите информации за часовите по јога во природа заинтересираните можат да добијат на телефон : 078 355 044.

 

Извор: Strugaonline\Jога секција Охрид

Фото: Јога секција Охрид

 

 

Facebook Коментари