Денеска е Меѓународен ден на младите

- Македонија
27

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на младите (МДМ), посветен на подигнување на свеста за важноста на младите во заедницата.

Денот е определен од страна на Обединетите нации во 1999 година со усвојување на Резолуцијата 54/120. Целта е да се привлече вниманието кон одредени културни и правни проблеми во врска со младите. Првиот МДМ бил обележан на денешен ден во 2000 година.

Меѓународниот ден на младите се обележува секоја година на 12-ти август. Се користи како можност за владите и другите да го насочат вниманието на младинските прашања ширум светот. За време на МДМ, низ целиот свет се одржуваат концерти, работилници, културни настани и состаноци со претставници на национални и локални власти и младински организации.

StrugaOnline

Facebook Коментари