Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 9, а дневната температура ќе се движи во интервал од 27 до 38 степени. Во недела ќе преовладува речиси идентично време како денешното, а и од понеделник се очекува топло време со високи температури.
Извор: УХМР
Facebook Коментари