Временска прогноза – започнува пеколно топла недела

- Македонија
943

Денеска во Македонија ќе преовладува сончево и многу топло време. Попладне, на повеќе места ќе има услови за појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Не е исклучено овие појави локално да бидат и поинтензивни. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 26 до 37 степени. Слично време ќе имаме и во вторник, а од среда ќе преовладува сончево и топло време и температури кои до петок ќе достигнат и максимални температури до 40 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари