Стружани со креативен апел за чист воздуx од највисокиот врв на Јабланица

- Локални
2140

 

Граѓанската иницијатива „Доста“ подржана од ПЕД Закамен – Струга испрати креативен апел за чист воздуx и чиста животна средина. Апелот беше испратен од   највисокиот врв на Јабланица – Црн камен.

„Идеjата за ваквиот протест произлезе спонтано при самите подготовки за планинарскиот марш. Позади паролата за чист воздух покрај планинарите од Струга застанаа и 200 други планинари од Битола, Прилеп, Кичево, Скопје, Охрид и Вевчани. Наше очекување е летово да нема проблеми со депонијата и не само тоа туку и изнаоѓање на конкретно решение за нова безбедна локација за одлагање отпад. Ако не можеа да ги видат јасно нашите барања од Струга сега апелираме за чист воздух од највисокиот врв на Јабланица – Црн камен. Се надеваме дека апелот од 2259 мнв ќе допре јасно и гласно до надлежните.“ – велат од Граѓанската иницијатива „Доста“

Претходно, во Струга се одржаа низа протести за трајно решавање на проблемот со депонијата во Струга. Депонијата неодамна беше целосно изгасната после нејзиното интензивно горење, а пред неколку денoви Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески изјави дека се разгледуваат сериозни можности во наредниот период струшката депонија да биде дислоцирана и да се изнајде трајно решение.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари