Германија во финалето ја совлада Турција и го освои Европското првенство во кошарка

- Свет, Спорт
15

Кошаркарите на Германија ја добија огромната драма против Турција (83-88) и го освоија трофејот на Европското првенство. Финалето во „Арена Рига“ во Летонија понуди неверојатна борба, сè беше отворено до последните секунди, а Германците за вторпат во историјата го освоија континенталното злато.

Мечот изобилуваше со пресврти и атрактивни потези, а во драматичната завршница клучните играчи на Германија, пред се Шредер, одиграа мајсторски и без грешка што го одлучи натпреварот.

На спротивната страна Турција има за што да жали. Избраниците на Ергин Атаман водеа во голем дел на мечот, но никогаш не се одлепија резултатски. Предводник на Турција беше Џеди Осман кој одигра феноменален меч во кој мина 40 минути на паркетот. Одговорноста во завршницата ја презеде Шенгун кој промаши зицер и шут за три поени, што на крајот противникот го казни.

Прво име во победата на Германците беше Исак Бонга со 20 поени, 18 Уфрли Франц Вагнер, а Денис Шрудер 16 од кои дел во клучните моменти. Во турскиот табор најдобар беше Алперен Шенгун со 28 поени, додека 23 реализира Чеди Осман.

StrugaOnline

Facebook Коментари