ЖРК Стружанка загуби од екипата на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе
Во рамките на второто коло од супер женската лига, вчера ЖРК Стружанка загуби од екипата на ЖРК Овче Поле СУ од Свети Николе 26:33 (14:14 на полувреме).

– Проблемот со спортската сала „Нико Нестор“, фалеа головите на Тијана Переска и Ивана Затуроска како и одсуството на некои играчи од првата постава си го направи своето. Чесно изгубивме, велат од стручниот штаб на ЖРК Стружанка.
Најефикасни кај стружанките беа Раткушиноска Маја и Маркоска Теодора со 6 голови, Петреска Јана 5, Переска Антонија и Маџоска Вања 4 и Билкова Бојана со 1 гол.
Кај гостите најефикасни беа: Вучевска Елена со 13 голови, Сентовска Анастасија 9, Конева Јована 4, Блажевска Татијана и Манева Наталија со 2, Ристовска Јана, Ангелоска Јована и Станчева Ивана со 1 гол.
StrugaOnline

