Во петок во Охрид 37-мо издание на манифестацијата „Охридски староградски средби“

- Локални
18
Во петок, на 19-ти септември пред платото на Центарот за култура Григор Прличев-Охрид ќе се одржи 37-то издание на манифестацијата ,,Охридски староградски средби“.
Охридски староградски средби 2025, програмски квалитет што значи вредносно продолжување на традициите што датираат од пред неколку века. Придонес во незаборавот на старите, автетнични песни, навраќање во богатата градска ризница на традициите од минатите векови.
Ќе настапат учесниците:
1. ГМХ„Вокс Лихнидос” – Охрид
2. “Вокален Октет” – Прилеп
3. КУД Нико Пуцоски “Распеани Кичевчани” – Кичево
4. Ансамбл “Вања Лазарова” – Скопје
5. ВИА “Распеани Стружани”- Струга
6. ЗГ “Градски Хор Штип” – Штип
7. КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца

Почеток  е закажан за 19.00 часот, влезот е слободен.

StrugaOnline

Facebook Коментари