Македонија го освои седмото место на на Европското атлетско првенство во Малта

- Спорт
1270

Македонската атлетска репрезентација со освоени  179  бодови,  го освои седмото место во конкуренција на десет земји, на Европското екипно првенство – трета лига кое викендов се одржа на Малта.

Како што објави Атлетската Федерација на Македонија

Поединечно првопласирана заврши Дрита Ислами на 400м пречки со 59.69 со кое уште еднаш истрча под нормата за Европското првенство во Бидгош, нов национален рекорд постави Марија Стојановска на 3000м стипл со 12.09.82 , Катерина Тимчевска со личен резултат на 400метри од 57,67 заврши трето пласирана, лични постигнувања имаа Валбона Селими на 100м, Андријана Поп Арсова на 3000м,

На првенството кое се одржува на 24-25 Јуни 2017 година во Марса, Малта , учествуваа 10 репрезнетации од пријавени 12 и тоа Грузија, Азербејџан, Малта, Македонија, Црна Гора, Лухсембург, Ерменија, Асоцијација Мали Земји, Босна и Херцеговина, Андора, на стартот не се појавија екипити на Косово и Албанија.

Извор:АФМ

 

Facebook Коментари