Од 2 до 4 октомври во Охрид 10-годишен јубилеен состанок на Македонското здружение за ретки болести

- Локални
14

Од 2 до 4 октомври 2025 година, во Охрид, ќе се одржи јубилејниот 10-ти состанок на Македонското здружение за ретки болести (10th ANNIVERSARY MEETING OF RARE DISEASES IN SEE). Овој значаен настан, организиран од нашето здружение, ќе се одвива во Хотел Силекс.

Состанокот ја одбележува својата десетгодишнина, што претставува важна пресвртница во заедничките напори за подигнување на свеста и подобрување на квалитетот на живот на лицата со ретки болести во регионот. Настанот ќе собере претставници на лекарски здруженија, пациентски организации, експерти и истражувачи од земјите во соседството, но и од Германија, Белгија, Турција, Англија и други.

Целта на состанокот е да се разменат искуства и најновите научни достигнувања во дијагностицирањето, третманот и менаџирањето на ретките болести, како и да се дефинираат идните стратегии за подобрување на грижата за пациентите.

Посебен фокус ќе биде ставен на педијатриските аспекти на ретките болести, со цел да се обезбеди подобра поддршка за најмладите пациенти. Меѓу клучните теми на дискусија ќе бидат:

  • Рана дијагностика и скрининг
  • Напредни терапии и клинички истражувања
  • Регионална соработка и размена на знаења

Јубилејното издание на состанокот во Охрид претставува одлична можност за зајакнување на регионалната мрежа на експерти и за подигнување на свеста за предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести.

StrugaOnline

Facebook Коментари