Во сабота изложба и дефиле на олдтајмери во Вевчани

- Локални
21
На 20 и 21 септември ќе се одржи „ВМ Класик рели- запад“, рели со историски возила (олдтајмери) организирано од Олдтајмер клубот ВМ Класик.
Настанот е дел од шампионатот во рели со историски возила при Националната федерација за историски возила.
Како дел од овој настан на 20 септември (сабота) со почеток во 16:00 часот во спортското двориште во Вевчани ќе се одржи изложба на историски возила (олдтајмери).
Од Општина Вевчани ги замолуваат граѓаните на општина Вевчани, тој ден, да се воздржат од паркирање на своите возила во спортското двориште.

StrugaOnline

Facebook Коментари