Лев банер Десен банер

Во недела „Ревија на народни носии-Струга 2025“

„Од ризниците на ансамблите“ е насловена годинашната Ревија на народни носии што в недела ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга.

– На сцената во Центарот за култура ќе продефилираат пет реномирани ансамбли, кои во своите депоа чуваат и на сцената користат автентични и оригинални народни носии, вброени во носии од прва категорија, што е голема реткост на македонската фолклорна сцена, изјави за StrugaOnline Љупчо Милошески, раководител на КУД „Илинден“.

Покрај народните носии, публиката ќе има можност да проследи и сценски настапи на друштвата, додаде Милошески.

Учесници на годинешната Ревија на народни носии се АНИП „Орце Николов“ и фолклорен ансамбал „Етнос“ од Скопје, како и културно уметничките друштва „8 Октомври“ од Крива Паланка, „Илинден“ од Битола и „Мирче Ацев“ од Прилеп.

Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред пет години беше возобновена од КУД „Илинден“.

Овогодинешната ревија ќе се одржи во недела во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 19:00 часот.

Влезот е слободен.

StrugaOnline

error: