Лев банер Десен банер

Фудбалерите на Струга Трим и Лум со големи три бода се враќаат на врвот од Првата фудбалска лига

Во еден од најубавите натпревари сезонава во Првата фудбалска лига, Струга Трим и Лум го совлада Силекс со 1-3 (1-2) во претпоследниот натпревар од седмото коло на Првата фудбалска лига. Со овие три бода стружани избија на врвот на табелата, со ист број на бодови како и Вардар.

Со најсилните состави Силекс и Струга Трим Лум се соочија во Кратово, каде двете екипи почнаа енергично и креираа полушанси уште во првите пет минути.

Во следното седмо коло Струга Трим Лум на домашен терен игра со Пелистер.

StrugaOnline

error: