Осумгодишната Бана Алабед е прогласена за највлијателна личност на социјалните мрежи

- Свет
1036

 

Oсумгодишната Бана Алабед од Сирија e една од највлиjателните личности  на интернет според магазинот „Тајм“. Девојчето стана познато за јавноста по нејзините твитови од опколениот Алепо.

Бана со помош на својата мајка на налогот AlabedBana на Твитер поставуваше фотографии и видео снимки за животот за време на војната во Сирија.

– Не можам да излегувам поради бомбардирањето. Ве молам да го прекинете бомбардирањето, напиша Бана на 24 септември 2016 година во нејзиот прв твит. Таа има 365.000 следбеници на оваа социјална мрежа.

Минатиот декември Бана и нејзиното семејство беа безбедно се евакуирани од источениот дел на Алепо во Турција.

Освен Бана, на листата на највлијателни личности на „Тајм“ се најдоа и  британската авторка Ј.К. Роулинг, поп пејачката Ријана, старлетата Ким Кардашијан и американскиот претседател Доналд Трамп.

Facebook Коментари