Лев банер Десен банер

Во недела ЖРК Струга 2024 игра против ЖРК Астибо од Штип

Во рамките на второто коло од пионерската женска лига екипата на ЖРК Струга 2024 на домашен терен ја пречекува екипата на ЖРК Астибо од Штип.

Натпреварот ќе се одигра во недела во 12:30 часот во спортската сала „ТИМИ“ Струга, ова е важен натпревар за стружанките во борбата за висок пласман оваа сезона. Двете екипи последно се сретнаа на ланскиот фајнал фор во борбата за третото место каде ЖРК Струга 2024 загуби од ЖРК Астибо.

Во недела стружанките ќе имаат мотив плус за победа и докажување на квалитетите оваа сезона и за највисок пласман.

StrugaOnline

error: