Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Кривична пријава за правно лице и споственикот за повреда на правата од работен однос, двајца охриѓани нападнати од куче домашен миленик

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правно лице од Охрид и сопственикот П.С.(48) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „повреда на правата од работен однос” и „непреземање мерки за заштита при работа”.

П.С. како сопственик на правното лице, не се придржувал кон Законот за засновање и престанок на работниот однос кон малолетник-ученик од Охрид, кој изведувал пракса во правното лице, не се придржувал кон Законот и колективниот договор за мерките за заштита при работа, односно не му обезбедил заштита при извршување на работните ангажмани на практикантот, поради што малолетникот паднал од околу седум метри висина на објект во изградба во охридската населба „Бејбунар”.

На 25.09.2025 во 20:50 часот во СВР Охрид е пријавено дека во атарот на охридското село Опеница, В.И.(72) и Д.М., двајцата од Охрид, биле нападнати од куче домашен миленик, при што В.И. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. По целосно расчистување на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: