Денеска во Струга се одржа Парада на противпожарната служба
Денеска на главните улици во Струга се одржа парада организирана од Територијалната противпожарна единица – Струга.
-Парадата беше реализирана со учество на нови противпожарни возила, опремени со современа технологија и неопходна опрема за ефикасна интервенција во итни случаи. Оваа иницијатива има за цел да го прикаже напредокот во оперативните капацитети на противпожарната служба и да ја подигне свеста кај граѓаните за важноста на јавната безбедност, велат од Општина Струга.Додаваат дека противпожарната единица на Струга активно учествуваше во сите ситуации со пожари на територијата на општината, дејствувајќи професионално и посветено во заштита на животите и имотот на граѓаните.
На крај, Општина Струга изразува длабока благодарност за неуморната работа на нашите пожарникари и нивната постојана заложба за безбедноста на заедницата.StrugaOnline

