Лев банер Десен банер

Џудо клуб „Дрим“ од Струга освои шест медали на меѓународни турнири во Србија и Црна Гора

Џудо клубот „Дрим“ од Струга со нов голем успех на меѓународната сцена, освојувајќи вкупно шест медали на два натпревари одржани на 27 септември 2025 година.

На турнирот „Медијана Куп“ во Ниш, Србија, стружани освоија три медали:

Мила Стојмиловска – сребрен, Мила Стојанова и Софија Ноческа – бронзен медал.

Додека на „Рожаје Опен“ турнирот во Црна Гора, стружани освоија уште три бронзени медали: Енил Ајдиноски, Доријан Петкоски и Амар Бајрамоски.

Одлични настапи имаа и останатите членови на клубот, кои иако не стигнаа до одличја, прикажаа квалитетни борби и голема борбеност.

Од Џудо клуб „Дрим“ Струга истакнуваат дека овие резултати се само поттик за уште поголеми предизвици, а веќе наредниот викенд ги очекуваат нови натпреварувачки настапи.

StrugaOnline

error: