Утре во Europe House Струга, читачка и креативна работилница за најмладите
Да ги поттикнеме читачките навики, да ја развиваме креативноста и да ја подигнеме свесноста за климатските промени кај најмалите читатели!
Утре со почеток во 16:30 часот, во Europe House Струга ќе се одржи креативна и читачка работилница инспирирана од сликовницата „Каде е мојот дом?“.
Работилницата ќе ја води писателката, уредничка и едукатор Билјана Црвенковска, а е наменета за деца на возраст од 6 и 7 години.
Сликовницата „Каде е мојот дом?“, дело на турската писателка и илустраторка Сезен Аксу Ташјурек, во превод на македонски јазик на Васко Марковски, ја носи приказната за светот кој се менува под влијание на човечкото однесување и за добродушната верверичка која останува без својот дом.
Преку оваа топла и поучна приказна, децата ќе имаат можност да се запознаат со значењето на грижата за природата и за својата околина.
Оваа работилница е дел од проектот „YES – Млади европски приказни“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
StrugaOnline

