Лев банер Десен банер

(ФОТО) Успешно одржано првото издание на „Дрим Ран“ во Струга

На 21 септември 2025 година, во Струга се одржа првото издание на трката „Дрим Ран“, во организација на Здружението на граѓани „Дрим Актив“. Настанот опфати две дисциплини – рекреативна трка на 5 километри и главна трка на 10 километри, кои собраа голем број учесници и љубители на спортот.

Покрај наградите за најбрзите во двете категории, беа доделени и признанија за најбрзите стружани, со што уште еднаш беше нагласена локалната спортска гордост и поддршката кон заедницата.

„Дрим Ран“ во своето прво издание ја оправда целта – промоција на спортот, здравиот живот и заедништвото, а воедно и постави темели за натамошно развивање на традицијата на улични трки во Струга.

Жени 10км

– 
Греша Бакали 39:27
, Теа Божиновска 39:37
, Ана Шикоска 49:19.

Мажи 10км


-Тирон Мамуша 34:14, 
Миле Иванов 37:15, 
Димиитар Колевски 39:36.

Жени 5км


-Стефанија Кутаноска, 
Софија Кутаноска, 
Блерта Хани.

Мажи 5км

-
Петар Даев 19:09
, Матео Мачоски 19:31
, Андреј Арсов 19:55.

StrugaOnline

error: