Лев банер Десен банер

Клубот „3 Дисциплини“ од Струга оствари одлични резултати на Стопанска Триоги Триатлон 2025

Вчера, 28 Септември, 2025 година во Куманово се одржа петтиот градски триатлон – спринт дистанца „Стопанска Триоги Триатлон 2025“.
Тимот на „3 Дисциплини“ од Струга настапи со триатлонците во огромна конкуренција од Бугарија, Романија, Србја, Хрватска, Украина, Косово, Америка.
Во меѓународен генерален пласман Јован Кутаноски го освои третото место во категорија Деца 2 односно прво место на државно, во истата категорија трето место за Хади Исмаилоски на државно ниво, кај девојчињата на државно ниво Софија Кутаноска беше втора, додека Стефанија Кутаноска трета.
Во Категоријата Деца 1 прво место на државно девојчиња Дарија Магдис, второ место Бисера Кутаноска, трето место Лара Татар. Кај машките во истата категорија Матеј Лазороски трето место државно.
Во категорија Кадети, Тија Кукунешоска второ место на државно и во категоријата Сениори Хрстијан Наумоски второ односно Јован Рафтоски трето.
-Честитки и за успешно завршената трка на: Девран Куртис, Игнатиј Милески, Христијан Нически, Марко Шаврески,Керем Куртис, Бона Кукунешоска, Мона Кукунешоска , Матео Мачоски, Илина Спироска и Ѓорѓи Цветаноски, додаваат од клубот „3 Дисциплини“ од Струга.

StrugaOnline

error: