Лев банер Десен банер

Пензионерите од денес со зголемени пензии за 1000 денари

Премиерот Христијан Мицкоски како што најави есенско зголемување на пензиите започна од денеска, 1 октомври, а второто ќе биде на пролет.

„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување. А потоа и ќе биде на пролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите, линеарно во вкупен износ по пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 кои што ги зборувавме за време на кампањата.“

Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ пензиите се зголемија и во март годинава.

StrugaOnline

error: