Лев банер Десен банер

Полицијата пронајде марихуана во два случаи во Струга и селото Октиси

На 30.09.2025 во 19.55 часот на улица „Нико Нестор” во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишија од слобода Е.В.(25) од Струга затоа што кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 30.09.2025 во 11:00 часот во струшкото село Октиси, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Р.С.(34) од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: