Билтен за Охрид: Физички напад по претходно случена сообраќајна незгода, пожар во паркирано моторно возило
На 02.10.2025 во 13:09 часот во СВР Охрид е пријавено дека, по претходно случена сообраќајна незгода на улица „Новопроектирана” во Охрид, Л.К.(43) од Охрид физички ја нападнала Е.И.(47) од Охрид. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 02.10.2025 во 14:38 часот, на булевар „Туристичка” во Охрид настанал пожар во паркирано моторно возило „пежо” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(43) од Охрид. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

