Лев банер Десен банер

Намалување на цените на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на горивата.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 денари, додека на Еуродизел (Д-Е V) за еден денар. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,931 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 74 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 76 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 68,50 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 68 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 36,660 денари/килограм.

StrugaOnline

error: