Билтен за Охрид: Малолетници физички нападнале нивен соученик, пожар во возило…
На 06.10.2025 во 13:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во близина на училишен центар во Охрид, тројца малолетници физички нападнале нивен соученик и му нанеле телесни повреди, констатирани во Општа болница во Охрид По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 06.10.2025 во 07:20 часот во СВР Охрид, Н.М.(46) од Охрид пријави дека настанал пожар во неговото возило „југо” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал на булеварот „Туристичка” во Охрид. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

