Билтен за Охрид: Две лица од Скопје физички се пресметале во охридски хотел, пронајдена марихуана и засадени стебла канабис во Љубаништа
На 07.10.2025 во 02:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од А.М.(45) врз В.Г.(43), двајцата од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(68) од Скопје. При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline

