Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Приведен грчки државјанин, затекнат при препродавање на марихуана до зависници од Охрид, физички нападнат 42-годишен охриѓанец

На 08.10.2025 во 10:40 часот пред казино на булевар „Туристичка” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода О.Д.(40) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички и со остар предмет го нападнал А.И.(42) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Д.(31) од Република Грција, со привремено живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. По преземени мерки било утврдено дека тој набавувал и препродавал марихуана на зависници од Охрид, а бил затекнат од полициски службеници при достава, по што бил лишен од слобода.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: