Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца со одличен настап на државното првенство во пливање за основни и средни училишта
Вчера, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Општинскиот сојуз на училишен спорт – Куманово, се одржа Државното првенство во пливање за основни и средни училишта за учебната 2025/26 година.

Учениците од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца уште еднаш го потврдија својот талент и посветеност, постигнувајќи забележителни резултати:
Горјан Шумуликоски – прво место на 50 метри грбно;
Сара Филева – трето место на 50 метри слободно.
На првенството успешно настапија и:
• Меланија Костеска
• Ели Чавкоска
• Бобан Филев
• Дора Филева
• Марко Арсовски
• Илина Спироска
• Христијан Нически
Учениците беа предводени од наставникот по физичко и здравствено образование Наумче Спасески.
-Голема благодарност и честитки до сите наши пливачи за постигнатите резултати, упорноста и спортскиот дух со кој го претставија нашето училиште, велат од од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.
StrugaOnline
