Лев банер Десен банер

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва гостува во Белгија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва во Гент (20.45 часот) ќе и се спротивстави на Белгија во квалификациите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Првиот натпревар меѓу овие две селекции во Скопје беше одличен, Македонија му парираше на ривалот, иако главно беше во подредена улога и на крајот херојски освои бод против европскиот гигант, тогаш кобен за Белгијците беше Езѓан Алиоски.

Белгија е апсолутен фаворит, во неверојатен налет и даде 16 гола на последните три средбиз за овој собир тие се без Ромелу Лукаку и Јури Тилеманс, ама длабочината на составот не им дава простор за грижа.

Македонија од друга страна е комплетна, сите носители на играта се тука и подготвени да се борат во октомврискиот прозорец. Барди, Елмас, Алиоски, Миовски, Димитриевски и останатите се пред еден од најголемите предизвици во кариерите бранејќи ги националните бои. Натпреварот во Гент ќе биде показател кои се можностите на македонскиот состав, а доколку успееме повторно да изненадиме и да останеме непоразени – ќе останеме полноправно во трката за лидерското место.

StrugaOnline

error: