Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва игра против Казахстан
Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега котира високо на табелата во групата од квалификациите за Светското првенство 2026. Од првото место „рисовите“ ги дочекаа последните натпревари од циклусот, а таква е ситуацијата и пред денешната средба.
Македонија мора да ги победи Кахзанстаците за да продолжи да го сонува мундијалскиот сон. Ниту пласман надвор од првите две позиции не е катастрофа, бидејќи плеј-офот за Мундијалот е практично сигурен преку Лигата на нациите, ама добар финиш на овој циклус носи поволности понатаму главно во борбата за прекуокенска виза.
Натпреварот меѓу Македонија и Казахстан се игра денеска од 20:45 часот.
StrugaOnline

