Лев банер Десен банер

Во неизвесен натпревар пионерите на РШ „Динг“ Струга несреќно загубија од екипата на Вардар

Во неизвесен натпревар од четвртото коло од пионерската лига, момците на РШ „Динг“ Струга несреќно загубија од екипата на Вардар со 17:18.
-Иако со променет состав од претходната сезона, одигравме одлично и водевме во самиот финиш против третопласираната екипа од минатогодишниот Ф4. После некои чудни одлуки во завршницата, гостинот сепак ја однесе победата. Честитки до нив и до нашите ракометари за пожртвуваната игра. Кај нас на ниво на голот повторно Трпоски, а во нападот се истакнаа Ковачески со 7 и Ојлески со 5 погодоци, велат од РШ „Динг“ Струга.
Во следното коло претстојниот викенд стружаните гостуваат во Битола кај Еурофарм Пелистер.

StrugaOnline

error: