Не го победивме Казахстан, Македонија со Велс ќе се бори за второто место
Македонската фудбалска репрезентација не успеа да го победи Казахстан и по вторпат во овие квалификации, вчерашниот натпревар во Скопје заврши нерешено 1-1, а со тоа пропаднаа нашите шанси за првото место во групата и директен пласман на Светското првенство.

По големото реми во Гент против Белгија се создаде голема еуфорија пред денешниот меч со Казахстан, Националната Арена „Тодор Проески“ беше речиси исполнета, македонските фудбалери имаа голема поддршка од трибините за да остварат победа, но за жал тоа не се случи.
Бевме сериозен фаворит во овој меч, но не го одигравме нашиот најдобар натпревар, имавме свои моменти, особено во вториот дел од натпреварот, но не успеавме да ги освоиме трите бода.
Двете селекции можеа да дојдат до победа, но трет гол немаше, натпреварот заврши 1-1.
Нашата репрезентација ги загуби шансите за првото место, но против Велс ќе се бориме за втората позиција која може да ни донее полесен противник во баражот.
StrugaOnline

