Лев банер Десен банер

Денеска е Светски ден на храната, Црвен крст со кампања „Помислете и на нас“ во рамки на „Неделата на борба против гладта“

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври и промовира свесност за гладот и акција за иднината на храната, луѓето и планетата. На овој ден, повеќе од 150 земји се обединуваат за да ја подигнат свеста за проблемите поврзани со сиромаштијата и гладот. Според најновите статистички податоци за сиромаштијата во Светот, приближно 9,1% од светското население е погодено од глад. Тоа се повеќе од 735 милиони луѓе кои немаат доволно храна за да водат здрав и активен живот.

Во нашата земја според податоци на Државниот завод за статистика во 2022 година стапката на сиромашни лица изнесува 22.9 %. Под прагот на сиромаштија живеат 451.900 лица.

Црвениот крст на Република Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас“ во рамки на „Неделата на борба против гладта“, која ќе се спроведе од 16 до 22 октомври преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании,  образовно – воспитни институции, здруженија на граѓани, и  граѓаните.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка Скопје со назнака за кампањата „Помислете и на нас“
како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

StrugaOnline

error: