Лев банер Десен банер

Билтен за Охрид: Нелегално оружје, кривична пријава за поседување темнокафеава течност со компонента што ја содржи растението канабис, пожар на неколку гуми од работни машини

На 16.10.2025, при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронајдоа и одзедоа воздушна пушка „Славија” калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.К.С.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба,полициските службеници пронајдоа и одзедоа темнокафеава течност со волумен од 950 милилитри во која е утврдено присуство на тетрахидроканабинол, психоактивна компонента што ја содржи растението канабис.

На 16.10.2025 во 04:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул. „Кленоец” настанал пожар на неколку гуми од работни машини. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа на СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: