НАИ: Повик за поддршка на доктор Арсим Далипи
Од Националата Алијанса за Интеграција излегоа со повик за поддршка на нивниот кандидат за градоначалник на Општина Струга – Арсим Далипи, во пресрет на гласањето кое ќе се одржи во недела, 19.10.2025 година.

Повикот ви го пренесуваме во целост:
Струга има потреба од човек што обединува, а не дели.
Човек со знаење, чесност и визија – тоа е д-р Арсим Далипи.
Неговиот глас е гласот на народот, неговата работа е за сите граѓани.
Да ја поддржиме вистинската промена, човекот што стои со народот и за народот.
Гласај за број 4 – за Арсим Далипи и за иднината на Струга!

