Голема победа на РШ „Динг“ Струга против Еурофарм Пелистер
Во натпревар од петтото коло од пионерската лига момците на РШ „Динг“ ги освоија бодовите во Битола кај Еурофарм Пелистер со 17:14. Прикажаа тимска игра, а најдобар стрелец во победата беше Горазд Ојлески со 7 погодоци.
Продолжуваат со тешкиот и густ распоред, во следното коло имаат повторно гостување во Скопје кај еден од фаворитите Мулти Есенс.StrugaOnline

