Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќура и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи, според првичните информации на Државната изборна комисија ќе се борат за градоначалничката позиција во вториот круг на локалните избори.
Ќура на прес-конференција вчера се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.

– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква што ја сакаме. Овој процес покажа дека моќта е во рацете на народот, во рацете на секој од нас кој верува дека заслужува повеќе. Денес победија слободните граѓани, победи Струга што работи и не се плаши, рече Ќура.
Според ДИК, Ќура освои 9.934, а Далипи 9.719 гласа.
Во Единствениот избирачки список во општина Струга регистрирани се вкупно 62.711 гласачи.
Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе раководи со Општина Вевчани. Тој во првиот круг од локалните избори освои 823гласови.
StrugaOnline

