Отворени пливачки денови во Пливачкиот базен во Струга
Со цел да се доближи пливањето до секој граѓанин, Пливачкиот базен во Струга организира Отворени пливачки денови во кои сите љубители на вода, без разлика на возраст или искуство, ќе можат бесплатно да уживаат во нивните услуги и содржини.

-Пливањето го зајакнува целото тело и ја подобрува физичката кондиција, го намалува стресот и го подобрува расположението, позитивно влијае на срцето, белите дробови и циркулацијата, ја зголемува флексибилноста и рамнотежата, го подобрува сонот и целокупното психичко здравје, порачуваат од пливачкиот базен во Струга.
Отворените пливачки денови ќе бидат во сабота и недела од 12 до 14 часот во Пливачкиот базен Струга до ОУ Браќа Миладиновци.
StrugaOnline
