Розов октомври – Месец на подигнување на свеста за ракот на дојка
Во рамките на месецот октомври, кој е посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, ООУ „Браќа Миладиновци“ – Струга се приклучува кон глобалната кампања за превенција, рано откривање и поддршка на лицата погодени од ова заболување.
-Преку симболот на розовата панделка и розовата боја, испраќаме порака за надеж, охрабрување и солидарност со сите жени кои се соочуваат со овој предизвик.
Раното откривање и редовните прегледи се клучни за успешно лекување и зачувување на здравјето, велат од ООУ,,Браќа Миладиновци“ – Струга.
Да потсетиме дека грижата за здравјето започнува со информираност и превенција.
ЖЕНИ – ХРАБРИ ВО СРЦЕТО, МОЌНИ ВО ДЕЛАТА, ГЛАСНИ ВО ВИСТИНАТА
StrugaOnline

