Времето денес променливо облачно со сончеви периоди
МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС):
4 Берово, 5 Лазарополе, Попова Шапка, 7 Прилеп, Крушево, Маврови Анови, 8 Битола, 9 Крива Паланка, Претор, Штип, Демир Капија, Кавадарци, 10 Тетово, Охрид, Виница, Струмица, 11 Скопје-Зајчев Рид, 13 Скопје-Петровец, Велес, Гевгелија.
КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)
4 Лазарополе, 3 Маврови Анови, 2 Тополчани, Ѓуриште, 1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Тетово, Прилеп, Крушево, Пожаране, Попова Шапка.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Претпладне по одделни котлини со појава на магла и намалена хоризонтална видливост до 50 метри. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 22 степена.
Извор: УХМР, фото: архива
StrugaOnline

