Изет Меџити од Струга: Влен и владата со поддршка на Менди Ќура за градоначалник на Струга
Изет Меџити беше во посета на Струга и Лабуништа, каде заедно со независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга Менди Ќура беа на средба со жители на Општина Струга.
-Дојдовме да покажеме дека Менди Ќура е независен кандидат но силно поддржан од Влен и владата, на ниво на влада децентрелизацијата е на ниско ниво така да многу е потребна да има поддршка од владата, така да Менди Ќура е најдоброто решение, најдобриот кандидат за Општина Струга. Имаме нова динамика во развојот на нашите општини, тука е и Струга, тука е и Лабуништа и затоа ни треба добар менаџер, за да помошта од владата се насочи кон овие наши општини, наши места, наши села, ова се локални избори, локални проблеми ние нудиме локални решенија, за разлика од другите кој што цело време зборуваат за референдум, за легилимитет, за се’ зборуваат но не за општините, не за селата не за Лабуништа не за Струга, така да и одговорот на граѓаните беше каков што беше. Ја сум цврсто убеден дека Лабуништа и Струга ќе се заедно со победниците, со тие што сакаат да работат со општините а не да ги злоупотребуваат општините за политички агенди, изјави Изет Меџити од Влен.
-Горди сме на работата што ја направивме овие три месеци, каде што дадовме насока за Општина Струга во која насока да оди, Покажавме достоинство, единство, храброст, покажавме многу проекти, покажавме дека сме за промени, наспроти другата страна што нема проекти а има само клевети и притисоци, изјави Менди Ќура независен кандидат за Општина Струга.
На крај Менди повика на 2 ноември да се излезе да се гласа позитивно, да се направи промената за Лабуништа, за сите села и градот Струга.
StrugaOnline

