Лев банер Десен банер

Кривична пријава за лице од Скопје со привремен престој во Струга за „запуштање и малтретирање на дете“

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.

На 22.10.2025 во Струга, полициски службеници во содејство со Центарот за социјални работи извршиле контрола на ул„Маршал Тито“, при што го затекнале пријавениот  како ја носи неговата малолетна ќерка да проси, а  потоа стоел настрана и ги земал парите од детето.

Тој веднаш е лишен од слобода и поднесена му е пријавата, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

error: