Мерко: Избрана е најповолната понуда за градежните активности на улица Туристичка
Градоначалникот на Општина Струга денес донесе одлука за избор на најповолна понуда за Основниот проект за измени при изградбата на улицата „Туристичка“, од крстосницата со улицата „ЈНА“ до населбата „Езерски лозја“ во рамките на урбанистичкиот план, втора фаза, во вредност од над 40 милиони денари, со средства обезбедени со одлука за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти (во вредност од 135 милиони денари), каде моментално се изведуваат градежни активности на терен.

-Со оваа инвестиција ќе се реализира целосна санација на коловозите, изградба на нови тротоари, атмосферска канализација за она што ќе се нарекува Нов Булевар, велат од Општина Струга.
Додаваат дека ова е уште еден чекор кон подобрување на општинската инфраструктура и создавање подобри услови за живот на граѓаните, велат од Општина Струга. Приоритет е секој дел од општината да има модерни и безбедни улици. Со оваа инвестиција се решава долгогодишен проблем на жителите од овој дел на градот.
StrugaOnline

