Премиерно „Парите се отепувачка” во петок во охридскиот театар
Најновата театарска претстава на Народен театар Охрид „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле охриѓани и стружани ќе можат премиерно да ја погледнат во петок, 31 октомври, со почеток во 20 часот. Претпремиерата ќе се одржи на 30 октомври, со почеток во 20 часот.
Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски.
StrugaOnline

