Билал Касами во Струга, му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Менди Ќура
Во рамките на изборната кампања за Општина Струга, претседателот на движењето БЕСА и воедно градоначалник на Општина Тетово, г. Билал Касами, денес престојуваше во Струга за да му даде поддршка на независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга, г. Менди Ќура.
За време на средбата беше потенцирано значењето на меѓусебната поддршка меѓу општините и соработката за проекти кои директно влијаат врз подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.
Независниот кандидат Менди Ќира ја изрази својата благодарност за искрената поддршка од градоначалникот Касами и истакна дека оваа поддршка е доказ дека промената што започна во Струга веќе ги надмина партиските граници.
StrugaOnline

