Лев банер Десен банер

Општина Струга: Основните училишта се снабдени со нафта за греење

Сите основни училишта во општина Струга се снабдени со доволна количина на нафта
за греење, во пресрет на почетокот на зимската сезона. Со овој чекор, општината
обезбедува соодветни услови за одвивање на наставниот процес и престојот на
учениците во топли и безбедни простории.
Снабдувањето е реализирано навреме, согласно планот одобрен од општината, а
директорите на училиштата потврдија дека резервите на нафта се доволни за
претстојниот период.
Градоначалникот истакна дека грижата за условите во училиштата останува приоритет,
особено во текот на студените месеци од годината.

StrugaOnline

error: