Лев банер Десен банер

Стружанката Реа Положани ќе настапи на Балканскиот карате натпревар во Хрватска

Стружанката Реа Положани ќе настапи на Балканскиот карате натпревар за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кое ќе се одржи од 07 до 09.11.2025 година во Риека, Хрватска.

-Со нетрпение го очекувам настапот во Хрватска. Каратето е спорт со кој се занимавам веќе пет години. Уште од најмала возраст сакав да тргнам по стапките на мајка ми која се занимава со карате и можам да кажам дека каратето е моја голема љубов, вели Реа за Strugaonline.

Таа додаде дека на натпреварот во Хрватска ќе има силна конкуренција од сите Балкански земји, но, како што вели, ќе даде се од себе во Струга да се врати со освоен медал.

StrugaOnline

error: