Лев банер Десен банер

Денеска се одбележa јубилејот 60 години од почетокот на производството на електрична енергија во Хидроелектричната централа „Глобочица“

Денеска се одбележa јубилејот 60 години од почетокот на производството на електрична енергија во Хидроелектричната централа „Глобочица“.

– Овој јубилеј не е само бројка, туку трајно сведоштво за визија посветеност, стручност и инженерски подвиг кои се вградени во хидроенергетскиот систем на реката Црн Дрим. ХЕ „Глобочица“, заедно со ХЕ „Шпилје“, претставува нераскинлив и исклучително важен столб на македонската енергетска инфраструктура, како симбол на континуитет, стабилност и одржлив развој, порачаа од АД ЕСМ.

Видеото што го споделија претставува вистинско богатство од архивската ризница на АД ЕСМ – уникатна галерија на фотографии што ја раскажуваат приказната за изградбата, надградбата и модернизацијата на ХЕ „Глобочица“ низ децениите. Тие сведочат за нејзината улога во развојот на заедницата, како и за нејзината иднина во рамките на Зелената агенда и енергетската транзиција кон одржливи извори.
-Денес, со гордост им оддаваме признание на сите генерации инженери, техничари и работници кои со своето знаење, труд и посветеност ја одржаа „Глобочица“ како жив симбол на македонската енергетика, велат од АД ЕСМ.

StrugaOnline

error: